Вечерва во Битола „Забрањено пушење”

Вечерва во Битола „Забрањено пушење”

Вечерва, на Битола на Широк сокак, во 21 часот ќе настапат  култните „Забрањено пушење” . Настап ќе имаат и македонскиот реге состав  „Конкверинг лајон” .

Сараевската рок легенда „Забрањено пушење” во Битола доаѓа непосредно пред нивниот настап на фестивалот „Егзит“ во Нови Сад. Вечерашниот настанот е дел од фестивалот „Битола отворен град 2017”, кој се одржува до 30 јуни. Програмата на фестивалот „Битола отворен град 2017” продолжува и утре (29 јуни) кога кај Саат кулата во Битола во 18 ќе се одржи работилница за модна илустрација, додека во 21.30 часот пред кафе-барот „Инстикт“ ќе има моден перформанс  на модна дизајнерка и продуцентка Мелани Дигит поддржан од диџеј сет.