Ве привлекуваат паметните луѓе? Вие сте сапиосексуалец!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.12.2016 - 17:15

Има многу разни сексуални ориентации кои луѓето ги прифаќаат, ги отфрлаат или едноставно ги сметаат за табу, па на одредено време се појавува по нешто ново. Овој пат, ќе ги разгледаме сапиосексуалците, односно луѓето кои сексуално ги привлекува интелигенцијата кај другите луѓе.

Терминот "сапиосексуалност" за прв пат се појавува во 2014 година кога интернет страна за онлајн запознавање решила да ја прошири листата на сексуални ориентации кои нејзините корисници можат да ги изберат.

Покрај асексуалните, хетерофлексибилните, хомофлексибилните, пансексуалните и другите, "OK Cupid" ги сместила и сапиосексуалните луѓе. Денес, овој поим е сѐ позастапен, а луѓето сѐ почесто се декларираат како сапиосексуалци.

Физичката и интелигентната привлечност се изедначени во овој поим. Тука интелигенцијата не значи само висок коефициент на интелигенција, туку подразбира и начин на кој таа личност размислува, го разбира светот околу себе и како се однесува, пишува "Independent".

Од 2014 година навака, дури 9.000 корисници на веб страната "OK Cupid" се идентификувале себе си како сапиосексуалци. Меѓутоа, критичарите аргументираат дека сапиосексуалноста не спаѓа во сексуална ориентација, туку тоа е само алатка за исклучување на непосакуваните личности врз основа на интелигенцијата и манирите.

Што мислите вие? Дали се сметате себе си за сапиосексуалец? :)