Вардар – Барселона, в сабота во 17:30!

Вардар –  Барселона, в сабота во 17:30!

Вардар викендов ја пречекува Барселона во дербито од 5-то коло на Лигата на шампиони каде двата тима се непоразени и имаат идентичен скор од три победи и еден нерешен резултат.

„За мене, Барселона е најголемиот противник. Имаат добри играчи со големо искуство. Ако сакаме да победиме, нашата одбрана мора да функционира. И нападот ќе мора да функционира добро бидејќи Де Варгас е многу добар голман“, изјави тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.

„Во моментов сме еднакви на табелата, имаме исто бодови и затоа ова е важен меч. Верувам дека заедно со нашите навивачи можеме да ја победиме Барселона. На Супер глоуб катастрофално го почнавме мечот, Барселона направи седум голови разлика, после бевме добри, но не можевме да победиме. Во Сегед покажавме дека ако играме добра одбрана, контрата функционира одлично, па најважно е да одиграме добра одбрана“, додаде Раул.

Натпреварот помеѓу Вардар и Барселона се игра во сабота со почеток од 17:30.