Вака се однесуваат жените кои планираат да раскинат

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 02.02.2017 - 17:09

Жените се мистериозни суштества кои мажите едноставно не можат (или не сакаат) да ги разберат, но кога станува збор за одлуката да ја прекинат врската, тие и тоа како знаат да дадат јасни сигнали. Сѐ што треба е да ги препознаете следниве знаци...

Стануваат помолчаливи

Било да станува збор за разговор во четири очи или преку пораки, жената која користи кратки реченици и делува незаинтересирано во текот на разговорот е токму тоа - незаинтересирана.

Тоа се должи најверојатно на фактот што својот интерес го насочила на нешто друго, односно на некој друг.

Често ги користат зборовите "не ми е ништо"

Секоја жена од време на време знае да се повлече во себе, но доколку таквото однесување се пролонгира во подолг период, тогаш нешто навистина не е во ред.

Па, доколку партнерката почне сѐ почесто да го користи терминот "не ми е ништо", наместо да сака да ги објасни своите чувства, најверојатно во својата глава веќе решила да ја прекине врската и собира храброст да го направи тоа.

Сѐ почесто ги избегнуваат сексуалните односи

Главоболката е одличен изговор доколку немаат желба за секс, но постои разлика меѓу повремен недостаток на мотивација и постојаното избегнување на сексуални односи со партнерот.