Вака ќе изгледа леталото за првите туристи на Месечината!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 02.03.2017 - 16:45

Компанијата на Елон Маск, "SpaceX", неодамна соопшти дека кон крајот на оваа година ќе го испрати првото летало без екипаж, "Crew Dragon", на Меѓународната вселенска станица, пред да ги најде првите патници кои ќе патуваат на Месечината веќе во втората половина на 2018 година.

Според зборовите на Маск, приватната мисија е можност за луѓето да се вратат во истражувањето на длабоката вселена, прв пат после 45 години.

Досега двајца туристи платија огромни суми за пат околу Месечината. Меѓутоа, Маск не сакаше да ги објави имињата на идните вселенски туристи, ниту цената за нивното патување.

Овој план на компанијата "SpaceX" треба да се реализира во соработка со НАСА. Маск изјави дека патниците се свесни за ризикот од ваквото патување.

"Туристите влегоа во ова со отворени очи и сигурно не се наивни. Ќе направиме сѐ за да го минимализираме ризикот, но тој нема да биде сосема елиминиран", рече Маск.

Во видеото можете да погледнете како ќе изгледа леталото кое ќе ги однесе првите двајца туристи на Месечината, каде ќе имаат можност да ја видат и темната страна и да го повторат летото на Аполо.