Вака Јелена Ѓоковиќ ужива во бременоста

Вака Јелена Ѓоковиќ ужива во бременоста

Јелена и Новак Ѓоковиќ се најдоа на удар на медиите поради кризата во бракот, но еден поглед на Инстаграмот на Јелена кажува сосема спротивно.

Славниот пар за два месеци ќе станат родители по втор пат, а убавата Јелена покажа и колку ужива во бременоста.

Таа на Инстаграм објави фотографија на која позира на ливада. Со рацете го прегрна стомакот, а беше во друштво на свото куче Пјер.

❤️

A post shared by Jelena Djokovic (@jelenadjokovicndf) on

Почетокот на овој месец Ноле и Јелена ја прославиа третата годишнина од бракот. Парот има 2 годишен син Стефан, кој наскоро ќе добие сестра.