Вака изгледа новата луксузна Лада

Вака изгледа новата луксузна Лада

На пазарот во Русија е претставена „Exclusive“ верзијата на Lada X Ray со најбогат пакет на опрема и цена од 12.200 евра.

Lada X Ray дебитираше во Русија во 2015 како соверемен, пристаплив кросовер чиј дизајн потсетува на Стив Матин кој работеше за Mercedes и Volvo.

Со Лада Веста, Lada X Ray ja најави новата генерација возила на рускиот произведувач кој стилски и технолошки ќе се разликува од претходните модели.

Епитетот „ексклузивна“ Лада овој автомобил го заслужи пред се заради неговиот ентериер, но и за опремата кои не е достапна во пониските пакети.

На патниците на располагање им е автоматски клима уред, како и мултимдијален систем со голем екран чувствителен на допир, USB/AUX приклучоци, кожен ентериер, додека за облогата на управувачот и рачките употребен е материјал од еко-кожа.

Мултифунскионалниот волан опремен е со команди за аудио систем и смартфон. За погон е употребен 1,8 атмосферски бензинец со 122 (90kW), а силата се пренесува на предните тркала со помош на автоматскиот менувач.