Вака денес изгледа Рики Мартин

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.05.2017 - 17:08

Рики Мартин важеше за еден од најголемите секс симболи во 90тите, а неговата убавина и неговото секси тело сигурно биле еден од факторите во популарноста на песната Livin la vida loca.

Иако неговиот дебитански албум е продаден во повеќе од 22 милиони примероци, почуствуван е голем пад на неговата кариера по неговото признавање дека е хомосексуалец, со фактот дека поголем дел од неговата публика ја чинеа членови на понежниот пол кои беа до уши заљубени во него. Рики денес има 45 години и наскоро ќе го гледаме во серијата American Crime Story во улогата на Антонио, партнерот на Џиани Версаче.

Тој од неодамна е фотографиран како на плажа одмара од снимањето на серијата и мораме да признаеме дека изгледа подеднакво добро како и пред две децении.