Вака Блејк Лајвли изгледа со 27 килограми помалку

Вака Блејк Лајвли изгледа со 27 килограми помалку

Блејк Лајвли напорно тренираше за своето тело да го доведе во завидна форма, а се чини дека трудот и како и се исплатеше бидејќи изгледа подобро од кога и да е, што и самата го потврдува.

Актерката која што е позната по својата улога како Серена ван дер Вудсон во серијата Озборувачка се пофали со своето затегнато тело и откри дека во бременоста накачила дури 27 килограми.

Се чини дека не можете да изгубите 27 килограми кои сте ги добиле за време на бременоста само со седење на Инстаграм и прашувајќи се зошто не изгледате како бикини модел – се пошегува Блејк и му се заблагодари на својот тренер за се.

10 месеци требаше да ги добијам, а само 14 да ги изгубам. Многу сум горда – додаде актерката која со актерот Рајан Рејнолдс има две ќерки.