Вака би можел да изгледа мобилниот телефон на Снепчет

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 18:02

Компанијата "Snap", во чија сопственост е и апликацијата Снепчет, би можела наскоро да лансира свој сопствен паметен телефон на пазарот.

Маркетинг компанијата "Mediakix" открива како би можел да биде изгледот на овој мобилен телефон.

Компанијата веќе најави и претходно дека планира да остане фокусирана на софтверот, отколку што ја интересира хардверот. Но, уште во текот на летото вработи десетина инжениери специјализирани за паметни телефони.

"Mediakix" го замисли телефонот опремен со камера која може да снима под агол од 360 степени, а покрај тоа има и копчиња за нагодување на звукот, кои би можеле да се користат за менување на популарните филтри. Секако, главното копче би било во обликот на логото на Снепчет.

Доколку овој телефон или сличен на него излезе на пазарот, тоа нема да биде прв телефон на социјална мрежа. Имено, во 2013 година Фејсбук се здружи со компанијата HTC за да го направи телефонот HTC First, но тој телефон доживеа неуспех.

Тоа не значи дека истото би се случило и со Снепчет, но официјални информации за нивниот телефон сѐ уште нема во јавноста.