Вајтли ги привлекла сите погледи во Њујорк од како ја променила својата фризура!

Вајтли ги привлекла сите погледи во Њујорк од како ја променила својата фризура!

Познатата манекенка Рози Хантингтон Вајтли решила да го освежи својот изглед и да испроба една од најпопуларните фризури на оваа сезона.

Убавата сопруга на Џејсон Статам решила својата препознатлива руса коса да ја збогати со т.н. “curtain” шишки, кои како што и самото име оддава (curtain – завеси) го заоблуваат лицето како завеса и прилегаат речиси на секоја дама.

Она што е најдобро кај оваа популарна фризура е тоа што овие шишки можете лесно да ги тргнете од лицето и да ги прицврстите со неколку украсни шноли доколку не ви се допаѓаат.

Освен со новата фризура, Рози го привлекла вниманието и со необичните стајлинзи со кои уште еднаш потврдила дека е една од најдобро стилизираните дами во Холивуд.