Уживајте во новата песна на „Ај кју“ насловена „Мојот крал“

Уживајте во новата песна на „Ај кју“ насловена „Мојот крал“

Скопското поп-рок трио „Ај кју“ по минатогодишниот хит сингл „Најдобар“, се враќаат со нова песна и видеозапис насловена „Мојот крал“.

Станува збор за авторско дело на фронтменот на бендот, Бојан Трајковски, кој ги потпишува музиката и текстот, а за аранжманот му помогна колегата Дарко Димитров, во чие студио Димитрови како и во Мјузик хаус студио се снимаше самата песна, додека извршни продуценти се Бојан Трајковски и Васко Павлески од Горила продукција.

Видеото снимено во 4К резолуција го реализираше екипата на „Горила филмс“, под режисерската палка на Јован Куциновски, а како изгледа и звучи сето тоа можете да погледнете во продолжение: