Утре, во 21 часот започнува фестивалот „Охридско лето“

Утре, во 21 часот започнува  фестивалот „Охридско лето“

Фестивалската завеса први ќе ја подигнат изведувачите од светски реномираниот смут џез-квартет од САД „Форплеј” во придружба на оркестарот на Македонската филхармонија.

„Форплеј” џез квартет го сочинуваат: Боб Џејмс (клавијатури), Неjтан Ист (бас), Чак Лоуб (гитари) и Харви Мејсон (тапани). Со Оркестарот на Македонската филхармонија ќе диригира Емин Џијан.

Утревечер и во наредните 40 дена, во Охрид ќе продефилираат повеќе од 200 уметници од светот, а на програмата се застапени вкупно 57 фестивалски вечери.