Утре излегува постхумниот албум на Принц

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.04.2017 - 12:09

Помина скоро година дена од смртта на пејачот Принц, но наскоро публиката ќе може да ги слушне новите песни на славниот музичар.

Благодарение на Иан Боксвил објавена е нумерата Deliverance снимена помеѓу 2006 и 2008 година, кога пејачот беше независен уметник. Како би му одале почест на починатиот музичар, долгогодишниот соработник Иан со Rogue Music Alliance планираат да ги издадат сите необјавени песни на годишнината од неговата смрт, на 21 април.

Во петок излегува постхумниот албум на славниот пејач, а до тогаш слушнете како звучи новата песна Deliverance.