Уникатен минималистички дизајн на кафе бар во Виетнам

Уникатен минималистички дизајн на кафе бар во Виетнам

Кафе барот “F-coffee” во Виетнам е одличен пример на модерната минималистичка архитектура која е постигната со употреба на едноставни дизајни.

Дизајниран од страна на архитектонското дизајн студио “LVQH”, овој кафе бар создава визуелно совршенство преку користење на основните материјали.

Елементите се прилично едноставни – цигли, бетон, камен, дрво и вода, а заедно создаваат уникатен дизајн.

Просторот е поделен во три интерактивни дела. Првиот е рефлектирачки базен со дрвја, кој создава визуелен мир и хармонија со природната средина.

Вториот дел е коридорот кој води кон главната внатрешност на зградата. Тој претставува транзиција од мирната надворешност кон внатрешноста, а 24 арки ја обиколуваат зградата.

Третиот дел е самиот кафе бар, каде има наједноставен минималистички дизајн.