Уметничка куќа во срцето на ориентот

Извор: миа | Објавено: 19.05.2016 - 12:18

Резиденцијата сместена во руралните предели со маслинови дрва има исклучителен поглед на надворешната линија на мароканската планина Атлас.

Распоредот на куќата овозможува приватно сместување за клиентите, павилјон за трите деца на сопственичката, гостинско ателје и лично ателје. Во комплексот можат да се одржуваат и уметнички изложби.

Градбатаа е изградена со стара техника на земјени ѕидови, дополнети со високотехнолошка метална рамка која ја носи куполата обложена со ПТФЕ мембрана.

Овој метод на хибридна архитектура внесува технички иновации додека користи традиционалнии вештини на изработка, Биоклиоматските принципи го одредуваат целиот дизајн кј вклучува и накосена веранда, вкрстена вентилација, високи тавани, повеќекратна заштита од сонце и пасивна соларна енергија.

Верандата е замислена како двојна преодна зона. Нејзиниот внатрешен слој направен од стаклени врати ја отвора куќата кон надвор во согласност со различните потреби. Земјените ѕидови служат како своевиден топлотен штит.

Покривот на куќата е креиран од два одвоени слоеви на ЕТФЕ панели, додека просторот создаден измеѓу служи за константен проток на воздушна циркулација.