Ултра луксузна модерна вила со поглед на Пацификот

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 31.01.2017 - 02:14

Иако сме навикнати да гледаме многу луксузни недвижнини каде живеат славните и богатите ширум светот, сепак оваа вила на "Ezequiel Farca Architects" едноставно не остави без зборови.

Однадвор вилата се карактеризира со "зелени" ѕидови и прозорци од подот до таванот кои нудат неверојатен поглед на Пацификот.

Куќата се наоѓа во Пуерто Ваљарта во Мексико, а е замислена како совршениот дом за одмор, каде може да се најде сѐ што ви е потребно - осум спални соби, фитнес центар, домашно кино, две џакузи кади, тераса со базен, камин и неколку простории за заедничко дружење во надворешниот и внатрешниот дел од вилата.

Спојот на модерни текстури и природни материјали едноставно го прави дизајнот на оваа вила совршен. За да видите зошто токму оваа вила е нашиот избор на денот, само треба да ги погледнете фотографиите подолу.