УЕФА би можела да го исфрли ПСЖ од Лигата на Шампионите

УЕФА би можела да го исфрли ПСЖ од Лигата на Шампионите

УЕФА ќе го проверува буџетот на ПСЖ по огромните трансфери кои францускиот тим ги направи во 2017 година.

Во летниот преоден рок тимот на Пари Сен Жермен го засилија Нејмар и Мбапе за повеќе од 400 милиони евра, но во тој период не е забележан ист приход на пари, а според пресметките им недостасуваат околу 80 милиони евра за да се усогласат со правилата за финансиски фер-плеј.

Доколку не успее да го избалансира буџетот, УЕФА би можела да го исфрли ПСЖ од Лигата на Шампионите следната сезона.