Убиен 21 годишниот роднина на Ријана

Убиен 21 годишниот роднина на Ријана

Популарната пејачка Ријана моментално поминува низ тежок период  после трагедијата во која нејзиниот 21 годишен роднина од Барбадос е убиен.

Тавон Каисин е убиен одма после Божиќ. откако непознат човек му пришол  и пукал во него неколку пати. Тавон веднаш е префрлен во болница, но и после сите обиди на лекарите да го спасат, сепак му е констатирана смрт.

По овој настан се огласи и пејачката Ријана на својот Инстаграм профил.

Почивај во мир. Не можам да верувам дека вчера те држев во раце. Не знаев дека тоа ќе биде последен пат да ја почуствувам топлината на твоето тело. Засекогаш ќе те сакам. Стоп за вооружениот напад! – напиша пејачката