Убавата Албанка која покорува со својот изглед!

Убавата Албанка која покорува со својот изглед!

Кога ќе ја погледнете Ени Коџи, едноставно не можете да останете рамнодушни на нејзините зелени очи и долги руси прамени.

Оваа поп пејачка и текстописец е родена на 5-ти јули 1996 година во Албанија, а редовно настапува и во Македонија, Црна Гора, Косово, Швајцарија, Италија и Грција.

Моментално живее и студира во Тирана, а со музика започнала да се занимава кога имала само 10 години. Иако е многу млада, сепак има успешна кариера со многу добиени награди.

Покрај нејзиниот талент за пеење, таа не разочарува ни со својот изглед, па нејзините следбеници на Инстаграм секојдневно можат да уживаат во нејзините совршени фотографии.