Царството на сирењето и чоколадото,градот Цирих

Царството на сирењето и чоколадото,градот Цирих

Цирих во зима се претвара во магија, па овој динамичен град ќе Ви понуди сè што Ви е потребно. Цирих е микс на историја, традиција, млад, неопишливо кул и романтичен град. Тој е економското и сообраќајното седиште на Швајцарија, од голема важност на светско ниво во светот на банкарството. Цирих е научно – истражувачко и образовно седиште, град кој важи за град со најдобар квалитет на живот и за најбогат во Европа.

Цирих се наоѓа на бреговите на реката Лимат, Шил и Циришкото езеро. Во последните 100 години, Цирих е претворен во метропола и туристичка дестинација. Градот е поделен на два дела со реката Лимат, додека Алпите се 30 километри оддалечени од градот.

Стариот дел од градот е особено прекрасен, па затоа морате да ја посетите најстарата црква во Швајцарија, евангелистичко – реформистичка црква “Св. Петар”.

Цирих има многу што да понуди, почнувајќи од музеи, зоолошки градини, цркви, споменици, уметнички изложби кои никако не смеете да ги пропуштите. Откако ќе се прошетате низ градот, продолжете на ручек во некој ресторан. Цирих е кулинарската Мека.

Најстариот оригинален зачуван паб се наоѓа во срцето на стариот град со име Опфелхема, а се наоѓа на списокот на знаменитости за сите оние кои имаат во план да го посетат Цирих. Сепак, од Цирих не се враќајте сè додека не сте пробале фонду. Традиционално, фонде е од сирење иако швајцарските кувари се многу креативни, денес можете да јадете овошје со фонду од чоколадо и многу други комбинации.

За најдобар фонду, посетете го рустичниот ресторан Виртшафт Дегенрид или Фонду Трам, ресторан кој се наоѓа во олдтајмер трамвај. Тоа ќе Ви биде единственото искуство да го разгледате градот од трамвај и да уживате во овој специјалитет.

За сите оние вљубеници во скијањето, на 90 минутно возење од Цирих ќе наидат на 10 одлични ски центри.