Трикови за поубава коса на секој кој користи пегла за коса!

Трикови за поубава коса на секој кој користи пегла за коса!

Како дополнителна помош која ќе ви помогне да ја скротите вашата коса е пеглата за коса која иако е користена од многумина, сепак доколку погрешно се употребува може да ја направи сува или да ја оштети косата.

Постојат неколку корисни трикови кои ќе направат вашата коса да биде совршено испеглана, но и помалку оштетена.

Најважно од сè мора да користите препарати со кои ќе овозможите нејзина заштита

Сигурно досега сте допреле некој прамен и сте ја почувствувале жештината која пеглата ја создава. Замислете како таа делува на вашата коса без користење на препаратите за заштита на косата.
Топлината може да предизвика сувост и оштетување на вашата коса доколку не ја негувате на соодветен начин. Како би го одржале здравиот и сјаен изглед на косата, потребно е да создадете бариера помеѓу неа и вжештената пегла, а тоа најдобро ќе го направите доколку користите препарат за заштита на косата од топлина.

Температурата на вашата пегла не треба да надминува 230 степени

Иако постојат пегли чија температура достигнува и повеќе од 230 степени, а вашата коса побрзо и полесно се обликува на таа температура, сепак не треба да ги користите. Имено повисоката температура ја претставува опасната зона која го растопува кератинот кој и е потребен на вашата коса како би останала мазна и сјајна.

За поправа коса заедно со пеглата користете и чешел

Ако сте од оние кои сакаат екстра права коса, место да го поминувате праменот по неколку пати со пеглата следете ја косата со чешел. Овој трик е доста функционален, а освен свиленкаста коса ќе направи таа да изгледа и поцврста.