Трик со вода кој открива дали вашата коса е здрава

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 23.11.2016 - 11:36

Нормално, помеѓу  секое одење на фризер, боење, фенирање и пеглање, речиси е невозможно косата да не се оштети барем малку.

Но, има разлика помеѓу малку оштетена и многу оштетена коса, а за да проверите каква е вашата, ви го нудиме овој едноставен трик за кој се потребни само десет секунди.

Се' што ви треба е едно влакно од вашата коса и една чаша вода.

Што да направите?

Наполнете 3/4 од чашата со вода и во неа ставете го влакното. Ако остане на површината, се' е во ред. Ако потоне на дното, имате проблем.

Што значи ова?

Ова се однесува на кршливоста на вашата коса. Ако надворешниот слој наречен кутикула е оштетен, водата ќе продре во влакното и ќе го потопи.

Како ефективно да ја ублажите штетата?

Скратете ја косата, обидете се да ја оставате да се суши по природен пат и употребувајте хранливи маски.