Трик со кој ќе јадете помалку нездрава храна!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 31.01.2017 - 20:52

Многу новогодишни резолуции почнуваат со желбата оваа година да почнете да се храните поздраво и да се грижите за себе. Ако и вие спаѓате во оваа група, тогаш овој едноставен трик ќе ви помогне.

Брзата и нездрава храна освен што е лоша за вашата линија, лоша е и за вашето целовкупно здравје, но за жал многу луѓе се заразени со оваа нездрава навика. Време е пржените и штетни состојки да станат исклучок наместо правило!

Тајната се состои во следново - секогаш кога ќе ви се пријаде нешто нездраво и брзо, послужете се сами наместо да прифатите порција која ви ја понудил некој друг! Резултатите од истражувањето на ова поле покажуваат дека луѓето имаат тенденција да јадат помалку нездрава храна кога можат да ја контролираат големината на својата порција.

Тоа е така затоа што колку луѓето се помалку вклучени во составувањето на својата порција, толку е поголема веројатноста дека ќе ја отфрлат одговорноста или чуството на вина.

Интересно, истото правило не важи за здравата храна! :)