Три знаци дека на вашата врска ѝ се ближи крајот

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 22.11.2016 - 13:17

За жал, доколку ги забележите овие три знаци, тоа значи дека на вашата врска опасно ѝ се приближува крајот. Добро е ако успеете да ги забележите на време, но ако веќе подолго се повторуваат, време е да размислите за прекин.


Погледнете кои се трите знаци кои покажуваат дека е време да се запрашате каде води вашата врска:

1. Водите клише-разговори

Сите ваши разговори звучат како веќе да се кажани и нема никаква возбуда во комуникацијата. Немате што ново да научите еден од друг или едноставно не сакате, па дури и фразата "те сакам" се изговара рутински наместо да биде полна со емоции.

2. Ги игнорирате пораките и повиците

Нормално дека не може секогаш веднаш да одговорите, но доколку континуирано ги оставате пораките и повиците за подоцна, ова значи дека комуникацијата повеќе ја доживувате како товар отколку како задоволство, и веќе не ви е толку грижа.

3. Посреќни сте одвоено

Доколку моментите кога сте сами се тие што едвај ги чекате во текот на денот и постојано барате слобода, време е да размислите дали воопшто треба да бидете заедно.