Три шолји кафе на ден го заштитуваат мозокот

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 01.12.2016 - 16:08

Консумирањето на три шолји кафе на ден го намалуваат ризикот од деменција, тврдат научниците. Познато е дека умереното консумирање на кофеин го спречува формирањето на токсични наслаги на мозокот, кои се поврзуваат со Алцхајмеровата болест.

Но, новите истражувања покажуваат дека долгорочното внесување на кофеин помага телото да се исполни со антиоксиданси кои ја подобруваат когнитивната функција.

Исто така, кафето би можело да го спречи развивањето и на Паркинсовата болест, како и некои други невролошки пореметувања, се тврди во истражувањето кое го платија најголемите европски компании за кафе.

Експертите со години дебатираат во врска со тоа дали кафето е добро или лошо за телото. Претходните истражувања покажаа дека тоа може да предизвика спонтан абортус во раната бременост, а го имаат поврзувано и со срцеви напади. Кофеинот се обвинуваше и за анкциозноста.

Сепак, новото истражување истакнува дека кофеинот докажано ја спречува деменцијата.

"Долгорочното и редовно консумирање на кафе е клучно, бидејќи го намалува ризикот од Алцхајмерова болест за дури 27% и ја стимулира работата на централниот нервен систем", се наведува во истражувањето.

Европската агенција за сигурност на храната тврди дека внесувањето на 400 милиграми кафе дневно, односно до пет шолји кафе, не претставува ризик за здравјето.