Тренинг кој согорува калории и неколку часа по завршувањето

Тренинг кој согорува калории и неколку часа по завршувањето

Тренинзите (High-intensity interval training) се тренинзи со висок интензитет во кратки интервали  и докажано трошат најмногу калории, а еве зошто задолжително треба да ги сместите во вашата рутина на вежбање.

Поголемото согорување на калории за пократко време е една од причините зошто се овие тренинзи толку популарни. Тренерот Хана Еден советува зошто секој тренинг кој го извршувате би требало да се состои од интервали:

1. Ефикасност

Со комбинација на тренинг за сила и интензитет во една вежба ќе опфатите повеќе групи на мускули и ќе ја зголемите силата на телото.

2. Калориите се согоруваат со часови

Интензивните тренинзи согоруваат повеќе калории дополнително, за разлика од континуираното вежбање.

“Калориите се согоруваат во наредните два часа после тренингот”, вели Хана.

3. Подобра отпорност на организмот

Високоинтензивните тренинзи ја подобруваат отпорноста на организмот, поточно крвниот притисок, кој има улога на гориво и го поттикнува организмот да издржи подолго.

4. Постојат многу опции

Хана истакнува дека постојат безброј начини на кои можете да ги сместите овие видови на тренинг. Ако сте љубител на трчањето, можете да комбинирате 20 секунди спринт со 10 секунди одење итн.

5. Мускулите се сигурни

Високоинтензивните тренинзи со кратки интервали се најефикасниот начин како да загубите килограми без губење на мускулна маса.

“На долгите и умерени кардио тренинзи им треба повеќе време за да продрат до маснотиите и да почнат да ги согоруваат, а во тој процес се опуштаат и вашите мускули. Популарните HIIT тренинзи дозволуваат тоа да се случи без да страдаат мускулите”, вели таа.

6. Постојан поттик

Штом ќе стане лесно, не е добро. Предизвикувајте се себеси и секогаш задавајте си нови цели.

“Секој тренинг е тежок, а штом ќе стане лесен, тоа е јасен знак дека е време да промените нешто во вашата рутина”, заклучува Хана.