Тоти умее да ја наполни касата на „волчицата“

Тоти умее да ја наполни касата на „волчицата“

Франческо Тоти од како минатата сезона и стави крај на својата играчка кариера, тој и понатаму го продолжи патувањето со Рома со тоа што сега е функционер, поточно директор на клубот од Рим.

Тоа негово име според информации кои доаѓаат од Италија, а ги пренесува „Ла Република“ на „волчицата“ ќе и донесе свеж капитал, главен спонзор кој го нема од натпреварувачката 2012-13 што значи ја пропушта можноста да дојде до дополнителни приходи.

Ова наскоро ќе се промени и „Туркиш Ерлајнс“ ќе се појави на дресовите на Рома, а за тоа калчолигашот ќе добива по 7 до 8 милиони евра годишно. Наводно на оваа компанија им се допаднала идејата Тоти да биде заштитно лице на нивната промотивна кампања (видео), па од ова ќар ќе види италијанскиот вицешампион.

Црно на бело се уште нема, ама страните се блиску до договор и Рома се надева ќе тргне со новиот спонзор пред стартот на нокаут рундата во ЛШ.

Во Италија на пример Јувентус од „Фиат“ по сезона зема по 17 милиони евра, додека Интер од „Пирели“ има гарантирани 10 милиони евра плус бонуси зависно од резултатите на тимот.