Тони Брекстон, најдобра досега![21.02.2012 - 23:42 часот]
|
Тони Брекстон може да се пофали со поседувањето на шест Греми награди и седум примероци од Американските музички награди и токму затоа нема сомнение дека таа знае одлично да пее. Но, во својот последен настап, таа докажа дека гласот не е единственото нешто што вреди кај неа!
Изгледа дека овој пат провокативниот изглед на 45 годишната пејачка заврши во преден план. На сцената во "Nokia Theatre" во Лос Анџелес, Тони се појави во виолетов фустан кој откриваше доволно од нејзината совршена линија.

Пејачката, чија песна " Unbreak My Heart" е еден од најголемите хитови некогаш направен, изгледаше многу помладо отколку што навистина е, а на нејзиното тело може да и позавидат и многу помлади колешки.

Од неодамна се шушка дека Тони би можело да биде и новиот член во жирито на популарното телевизиско шоу "X Factor".
Како и многу други познати личности, и Брекстон и одаде почит на починатата дива Витни Хјустон.

"Таа го "разгази" патот за многу пејачи во музичката индустрија. Икона, легенда, беше неверојатна, талентирана, скромна... една од најдобрите во светот", напиша Тони по смртта на Хјустон.
| [назад] |















