Тој ја изневерил, а таа сега сака да знае зошто! (видео)

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 17.02.2017 - 13:28

Соочувањето со бившиот партнер и смиреното разговарање за неговото неверство и не е најлесната задача, но сепак една жена успеа да го направи тоа, а видеото снимено за "The Scene" стана масовно вирално.

Корисниците на Твитер полудеа по видеото на кое Кортни Џорџ седи соочена лице во лице со својот поранешен дечко, Леонард Лонг, кој ја изневерил неколку пати додека биле заедно.

Целиот разговор се одвива многу искрено и смирено, иако е скоро невозможно да останете рамнодушни на емоциите од повредената девојка.

Доколку сакате да доживеете вистински ролеркостер од емоции, погледнете го видеото и подгответе се за солзи...