Тие се најсимпатичниот пар на Инстаграм! (фото)

Извор: fashionel | Објавено: 07.03.2017 - 15:16

Јапонски пар веќе 37 години секојдневно ги фотографира нивните складни аутфити, а откако постои социјалната мрежа Инстаграм и светската јавност може да посведочи за овој нивен неверојатно симпатичен „проект".


Нивниот заеднички профил на Инстаграм е насловен bonpon511 што е комбинација од нивните имиња и датумот на годишнината од бракот.

Ако ги разгледате нивните фотографии, ќе забележите дека, ако за многу други парови е проблем во одредени прилики да ги усогласат нивните стајлинзи, овој пар дури и ужива во тоа, а мора да признаеме дека тоа го прават исклучително успешно.