Тетовирањето пеги е најновиот тренд во светот!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 01.03.2017 - 19:50

Стандардите за убавина се менуваат со децениите, па така сега имаме добра вест за сите оние кои цел живот се обидувале да ги сокријат и покријат пегите на лицето!

Прво, никогаш не ни стана јасно зошто толку девојки сметаат дека пегите им го нагрдуваат лицето, кога во суштина се едни од најсимпатичните обележја со кои човек може да се роди.

Сега прифаќањето на пегите отиде чекор подалеку - се' повеќе и повеќе луѓе си тетовираат пеги! Козметичките тетоважи не се нешто непознато, но досега девојките обично си ги "трауматизираа" веѓите или усните. За среќа, тетовираните пеги избледуваат по две години, па така доколку некогаш се покаете има надеж. :)