Тетоважите како пеги се најновиот тренд

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 24.02.2017 - 16:25

Во последните неколку години се зголеми популарноста на козметичкото тетовирање, кое вклучува трајна шминка и тетовирање на веѓите. А, сега на ред дојдоа и тетовираните пеги.

Да, убаво прочитавте. Сега сите оние кои цел живот сакале да имат пеги, можат да си го остварат сонот и да си истетовираат мали точки на своето лице.

Процедурата за тетовирање на пегите трае околу еден час, а резултатите би требало да траат околу три години.

Овој тренд наводно за прв пат го започна тату-уметницата Габриел Рејнбоу од Монтреал, а вели дека идејата ја добила од нејзината другарка на која и било смачено секој ден да си ги црта пегите со козметички молив.

Таа вели дека најчести клиенти за овој зафат се оние кои добиваат пеги во лето кога се изложени на сонце, но сакаат да го задржат тој изглед преку целата година.