Tesla Motors од април ќе прима нарачки за соларните покриви

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 30.03.2017 - 11:36

Tesla Motors ќе почне да ги доставува соларните покриви до домовите. Првата нарачка ќе стартува на 1 април.


 Tesla Motors ќе почне да ги доставува соларните покриви до домовите. Првата нарачка ќе стартува на 1 април. Точната цена на покривите нема да биде позната уште некое време. Кога ќе се исплатат првите депозити за соларните покриви ќе биде објавена и цената. Што се однесува на инсталацијата, и таа ќе почне годинава. Покривите се составени од плочи од стакло со фина текстура. Доколку се погледнат одблиску ќе се види дека светлосните зраци пенетрираат низ стаклените плочи и допираат до соларните ќелии под нив. Рanasonic Corporation ќе ги изработува покривите, а Tesla ќе го врши остатокот од склопувањето и инсталацијата. Tesla Motors неодамна ја купи компанијата SolarCity, којај ги разви овие покриви. Илон Маск тогаш изјави дека новите соларни покриви ќе чинат многу помалку од вообичаените. Сепак, кога ќе се погледне реално, покривите чинат цело богатство. Уште кога ја објавија веста за новите покриви во октомври минатата година се создаде цела листа со потенцијални купувачи кои чекаат да почне доставата. (I4U)