Тереза Ворли стана светска шампионка во велеслалом

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 16.02.2017 - 17:35

На Светското првенство во алпско скијање, кое се одржа во Сент Мориц, славеше скијачката Тереза Ворли во категоријата велеслалом.

Французинката славеше со време 2:05.55, со кое зад себе ја остави Американката Микаела Шифрин за 34 стотинки.

Италијанската скијачка Софија Гоџија заврши на третото место со 2:06.29.

Нејзината сонародничка Федерика Бриџони го завзеде четвртото место со 2:06.47, додека Австријката Стефани Брунер заврши на петтото место 2:06.85.