Телефон без батерија кој се полни од амбиентални радио сигнали

Телефон без батерија кој се полни од амбиентални радио сигнали

Нов телефон е на повидок со супер перформанси кој го развиваат тим компјутерски научници и електрични инженери од универзитетот во Вашингтон, телефон на кој не му е потребна батерија и енергијата ја црпи или од амбиентални радио сигнали или од светлина.

Ова е прв функционален мобилен телефон кој користи скоро нула енергија, што било постигнато со елиминирање на еден од чекорите во модерните целуларни трансмисии кои земаат многу енергија – конвертирање на аналогните звучни сигнали во дигитални податоци кои телефонот може да ги разбере. Овој процес консумира толку многу енергија да е невозможно да се дизајнира телефон кој би го користел а би се ослонувал на амбиентални извори на енергија.

Наместо тоа, телефонот без батерија ги користи предностите на малечките вибрации во неговиот микрофон или звучник кои се случуваат кога се слуша повик или некој зборува во него.

Антена која што е поврзана со овие компоненти ги конвертира тие движења во промени во стандардниот аналоген радио сигнал кој го емитира целуларната базна станица, со процес кој користи многу малку (скоро воопшто) енергија.

За да го пренесе говорот, телефонот користи вибрации од микрофонот за да ги енкодира говорните обрасци во радио сигнали, додека за да го прими, ги конвертира тие сигнали во звучни вибрации кои стигнуваат во звучникот.

Уредот е доказ дека овој концепт функционира, а прототипот сепак побарувал мала количина на енергија за да врши некои од функциите – поточно 3.5 микровати.

Прототипот на овој мобилен телефон можел да ја впива енергијата од RF сигналите од базна станица на растојание од 9.4м, како и од амбиенталната светлина со помош на малечки фотодиоди.

Доколку во иднина сите целуларни базни станици или безжични рутери би биле опремени со оваа технологија, ваквите телефони без батерии би биле секојдневие.