Тејлор Свифт објави нов видео запис

Тејлор Свифт уште еднаш покажа дека владее со музичката сцена со најновиот видео запис за песната End Game.

Видео записот за оваа песна е објавен во раните утрински часови, а во него можеме да ја видиме Тејлор како ужива во животот во три држави.

Видео записот е снимен во Токио, Мајами и Лондон.

Покрај пејачката во видео записот се појавуваат и Ед Ширан и Фјучр.

Некои портали едно време пишуваа дека во видео записот ќе гостува и Кети Пери и дека пејачките конечно ќе стават точка на целата драма која трае со години, но тоа не се случи.

Видео записот погледнете го во продолжение.