Тејлор Свифт со многу номинации, но без ниедна награда на “MTV” наградите во Лондон!

Тејлор Свифт со многу номинации, но без ниедна награда на “MTV” наградите во Лондон!

Тејлор Свифт била номинирана во најмногу категории, но не освоила ниедна награда па поради тоа можеби и на доделувањата на “MTV” наградите во Лондон не се ни појавила.

Апсолутен победник на “MTV EMA” наградите е 19-годишниот Канаѓанец Шон Мендес, кој победил во три категории – за најдобар изведувач, за најстрастни фанови и најдобра песна, летниот хит – “There’s Nothing Holding Me Back”.

“Им се заблагодарувам на моите фанови. Ве сакам. Музичарите во оваа категорија се луѓе на кои сум им се восхитувал целиот живот, а да бидам номиниран заедно со нив е навистина лудо”, рекол Мендес при преземањето на наградата за најдобар изведувач.

Ед Ширан имал најдобар настап во живо, Зејн Малик ја победил конкуренцијата за најдобар изглед, а Кендрик Ламар има најдобро видео за песната “Gumble”. Еминем добил награда за најдобар хип-хоп изведувач, “Coldplay” за најдобра рок група, Дуа Липа добила награда за најдобар нов изведувач, а “Ničim Izazvan” се најдобри изведувачи на MTV Adria.

Британскиот бенд “U2” ја добил наградата за глобална икона, а им ја предал актерот Џеред Лето.

“U2 ми го променија животот…U2 не се само бенд, тие се начин на живот”, рекол Лето.

27-годишната Тејлор Свифт била номинирала во шест категории, но не освоила ништо. Пејачката на доделувањата на MTV Europe Music Awards 2017 во Лондон воопшто не се појавила.