Тејлор Хил - новиот адут на "Victoria's Secret"

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 20.12.2016 - 23:30

Тејлор Мери Хил е американска моделка и манекенка, а моментално е дел од престижниот бренд за долна облека "Victoria's Secret".

Тејлор има само 20 години, а веќе има успешна манекенска кариера. Пред да започне да се занимава со моделинг, таа активно тренирала гимнастика.

Преубавата Американка има мешавина на германско и англиско потекло, а покрај "Victoria's Secret" за која работи од 2015 година, таа се има појавено и на кампањите за "Intimissimi" и "H&M".

Тејлор денес важи за една од најбараните моделки, а нејзината заработка меѓу 2015 и 2016 година се проценува на околу 4 милиони долари. Иако релативно неодамна стана популарна, многумина веќе тврдат дека таа моментално е најубавото ново лице на "Victoria's Secret".