"Те сакам": кога не треба да ги изговорите овие зборови?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 07.02.2017 - 20:32

Зборовите "Те сакам" имаат своја тежина. И тоа голема. И затоа не треба да се расфрлате со нив насекаде како со конфети. А не треба ни да чекате сто години за да му ги кажете на тој/таа што ги заслужува.

И, каде е средината? Никој нема одговор, бидејќи секоја љубовна приказна е универзум сам за себе. Сепак, постојат ситуации каде што е добро малку да почекате, или барем добро да размислите пред да ги изустите:

На самиот почеток на врската

Почетоккот на врската е резервиран за заљубеност, а не за љубов. Почекајте да видите како ќе се развива ситуацијата и не се залетувајте.

Кога не сте во врска

Секс без обврски, пријателство со повластици, "пуштање водички"... Тука нема место за вистинско "Те сакам".

Кога партнерот е неодамна излезен од претходната врска

Посебно ако таа врска завршила непријатно. Почекајте, бидејќи притисокот ќе биде преголем.

Кога тоа е уцена

Не го кажувајте тоа само за да проверите дали ќе добиете "и јас тебе", туку кажете го тоа кога навистина ќе го мислите и чуствувате.