Tambour Horizon, паметен часовник на Louis Vuitton

Tambour Horizon, паметен часовник на Louis Vuitton

Незаменливиот моден бренд Louis Vuitton конечно го претстави својот најнов производ – паметниот часовник Tambour Horizon.

Уредот работи на Андроид оперативниот систем, а достапен е во три различни стилови – Graphite, Monogram и Black кои што се разликуваат единствено по бојата, но не и по спецификациите.

Часовниците се дизајнирани во Франција, а се склопуваат во Швајцарија. Имаат 4 GB интерна меморија, а на екранот можат да се изберат најразлични опции, како добивање на нотификации, следење на временската прогноза, читање на електронската пошта, поминато растојание и слично.

Во понудата на паметниот часовник на Louis Vuitton има дури 60 ременчиња кои што можат да се менуваат на часовникот и тоа 30 машки и 30 женски, а тука се и низа на дигитални часовници кои што можат да се симнат.