Талентираната бурлескна убавица[21.02.2012 - 23:54 часот]
|
Мал е бројот на луѓе кои знаат повеќе за долната облека и истовремено изгледаат сексапилно како неа, па затоа, не е никакво изненадување тоа дека бурлескната ѕвезда Дита Вон Тис беше задолжена од страна на компанијата "Target Australia" самостојно да дизајнира цела колекција на сензуална долна облека.
Триесет и девет годишната убавица веќе има соработувано со големи дизајнерски имиња како Вивиен Вествуд, Жан Пол Готје и компанијата Вондербра, но овој пат, таа ја доби првата шанса да биде целосно одговорна за колекцијата на австралиската компанија која ја нарече "Von Follies".

Вон Тис ја најави новата соработка со "Target Australia" минатата година во април и, во ноември објави фотографии на кои таа рекламира два сензуални комплети од нејзината колекција.

Сега, старлетата објави нови фотографии на кои таа позира во повеќе комбинации на софистицирани килоти, чорапи, жартиери и градници, а според истите, повеќе од очигледно е тоа дека Дита била решена дека нејзината долна облека ќе одговара на сите женски фигури и облици.

Парчињата биле инспирирани од сопствената колекција на ретро долна облека на ѕвездата, а нивните цени се движат од 12 евра за градници и гаќички, до 120 евра за елегантното неглиже со леопардски принт.

"За мене, најважната задача беше да успеам да ги создадам овие прекрасни парчиња во сите големини кои ќе направат секоја жена да се чувствува секси и гламурозно.

Многу сум горда дека успеав во тоа, а сепак се задржав на разумни цени", изјавила Дита која е позната ширум светот со нејзиниот сексапил и шарм.
| [назад] |















