Талентираната Биојонсе ќе го позајми гласот на лавицата Нала во анимираниот филм “The Lion King”

Талентираната Биојонсе ќе го позајми гласот на лавицата Нала во анимираниот филм “The Lion King”

И заслужно една од најдобрите американски пејачки, Бијонсе, ја доби улогата во новиот анимиран филм на Дизни – “The Lion King”.

Бијонсе ќе го позајми гласот на лавицата Нала, додека лавот Симба ќе го зборува Доналд Гловер. Пејачката по пат на социјалната мрежа Фејсбук потврдила дека ќе работи на новиот проект, за кој веќе долго време се шпекулираше.

Освен Бијонсе и Гловер, гласовите ќе ги позајмат и Чиветел Ејиофор (Скар), Сет Роган (Пумба), Џејмс Ерл Џонс (Муфаса) и Џон Оливер.Филмот ќе се појави во кино салите во јули 2019 година, а режисерот е Џон Фавро.