Тајната на славните: Сирење од магаре!

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 25.11.2016 - 14:13

Ова е официјално најскапото сирење на светот. Замислете, само еден килограм сирење од магаре чини 1.035 евра!

Тоа што е уште поневеројатно е дека овој производ бил долго чувана тајна  уште во времето на Клеопатра, а денес го произведува само една фарма во светот - и тоа во Србија!

Сирењето од магаре е неверојатно ретко и скапо затоа што има висока нутритивна вредност и е преполно со протеин, калциум, омега-3 масни киселини и 60 пати повеќе витамин Ц од обичното сирење, а во исто време многу тешко се произведува - потребни се 25 литри магарешко млеко за да се произведе само 1 килограм од ова сирење!

Сопственикот на фармата, Слободан Симиќ, го започнал ова производство со само 12 магариња, а денес фармата брои преку 300 грла. Доказ дека сирењето од магаре е навистина квалитетен производ, покрај вртоглавата цена е и фактот што тенисерот Новак Ѓоковиќ го обожава.

Со цената од 1.035 евра за килограм, не веруваме дека ова сирење ќе стане секојдневен продукт на полиците во супермаркетите, но дефинитивно вреди да се проба. Кога словенците можат да јадат хамбургери од конњско месо, зошто не и ова? :)