Светот е подобар, Илон Маск ги пушти во продажба соларните покриви

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 11.05.2017 - 17:06

Американската компанија Тесла официјално почна да прима нарачки за своите соларни покривни плочи, соопшти Илон Маск на Твитер.


Иновативната Тесла почнува со продажба на две од своите четири соларни опции – плочите од мазно стакло и оние од стакло со текстура. Останатите две опции нема да бидат достапни до 2018 година, пренесува Бизнис инсајдер. Соларните плочи Тесла ги претстави минатиот октомври, еден месец откако го купија Солар сити во договор вреден 2,1 милијарди долари. тогаш Маск и тесла понудија естетски прифатливи плочи за да ги охрабрат муштериите да се ослободат од неугледните соларни ќелии. 

„Како прво, никогаш не сум видел соларен покрив кој би сакал да го имам... чудни се“, кажа Маск во ноември. „Сите што сум ги видел досега се погрди од нормален покрив, без исклучок. Па ако не можеме да ја подобриме естетиката, зошто воопшто да се трудиме?“, праша тој. 

Илон Маск кажа дека инсталациите во Америка ќе почнат годинава, но дека доставите и инсталациите за Велика Британија и Австралија нема да почнат до следната година. Маск, покрај ова, истакна и дека неговите плочи ќе бидат поевтини од обичните покриви.