Суплементи - Какви додатоци треба да користите и кога?

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 07.12.2016 - 16:14

Познавањето на додатоците, односно суплементите е многу важно за да го извлечете максимумот од вашите вложени пари во истите, а тука во следните редови ќе ги напишам суплементите кои јас ги користам и кога.


1. Веј протеин (Whey Protein Isolate) 

На прво место, најважниот од сите суплементи и најдобриот за зголемување на мускулната маса е веј протеинот. Најдобро е да се земе веднаш после тренингот и за време на денот како замена за оброк или пред спиење.

Значи:

- 2 дози веднаш после тренинг
- 1 доза пред спиење или во текот на денот како замена за оброк

 
2. БЦАА

Разгранетиот синџир на амино-киселини (БЦАА) е составен од три видови на амино-киселини: леуцин, изолеуцин и валин. Тие се одлични за поголема протеинска синтеза и зголемување на мускулниот раст со текот на времето. Исто така користи за спречување на замор кај почетници и повеќе енергија за време на тренингот.

Значи:

- 1 доза наутро на гладен стомак
- 2 дози за време на тренинг

 

3.Глутамин

Глутаминот игра клучна улога во волумизирањето на ќелиите и анти-катаболизмот. Глутаминот исто така ја зголемува вашата способност за лачење на хормонот за раст, кој помага за зголемување на мускулниот раст. Со ефектите од анти-катаболизмот глутаминот директно го спречува разградувањето на мускулите.

4.Креатин Монохидрат

Креатинот се произведува од три амино-киселини: аргинин, глицин и метионин. Со креатинот во облик на суплемент можете да го надополните внесот во текот на денот кој сте го внеле преку храната како што се рибата и црвеното месо. Со разновидна исхрана просечно внесувате околу 1 грам креатин.

Креатинот користи како гориво за време на високо интензивните тренинзи. Креатинот не е стимуланс затоа не може да се почуствува веднаш. Тој делува така што ја подига силата, експлозивната енергија и издржливоста.

Начин на употреба:

- Првите 5 дена по 4-5 грама распоредени во текот на денот.
- Потоа секој ден пред и после тренингот по 5 грама.