Суарез ќе игра за Барселона до 2021 година

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 15.12.2016 - 21:22

Уругвајскиот напаѓач Луис Суарез го потпиша новиот договор со Барселона, според кој ќе игра за каталонскиот клуб до 2021 година.

Според пишувањето на шпанските медиуми, Суарез (29) го потпишал продолжувањето на договорот до 30-ти јуни 2021 година, со можност за продолжување на истиот за уште две години.

Уругваецот пристигна во Барселона во 2014 година, а минатата година постигна дури 40 голови на 35 натпревари во Примера, што му го донесе и трофејот за Златна Копачка на Европа.

Оваа сезона Суарез не во блескава форма, постигна само седум голови во првите 13 натпревари од првенството.

Со ова, Суарез му се приклучи на Бразилецот Нејмар, кој исто така го продолжи договорот со Барса до 2021 година, а сега се чека и одлуката на најголемата ѕвезда на тимот, Лионел Меси, чиј договор истекува во јуни 2018 година.