Студент направи брилијантна реклама за Adidas

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 10.01.2017 - 02:27

Студентот по режија Еуџен Мерхер од Германија реши да направи извонреден спот за брендот за спортска опрема "Adidas", кој слободно можат да го користат и како вистинска реклама.

Видеото ја следи приказната за пензионираниот маратонец кој наоѓа стар пар на "Adidas" патики додека живее во старечки дом, кои му даваат мотивација да продолжи да трча.

Секој пат кога пробува да истрча надвор од установата, членовите на персоналот го запираат. Во еден момент, му ги конфискуваат и патиките. Но, мора да ја изгледате рекламата до крај...

Инаку, Мерхер ги контактирал "Adidas" во врска со рекламата, но сѐ уште не добил никаков одговор. Можеби челниците на "Adidas" треба да размислат малку подобро и да ја искористат оваа брилијантна реклама за својот бренд...