Стоковна куќа продава фармерки со лажна кал за 425 долари

Извор: ЗаЗабава | Објавено: 26.04.2017 - 16:59

Ланецот на стоковни куќи Нордстром се најде на мета на критичари поради пар фармерки. На нивниот сајт се продаваат фармерки кои се намерно дизајнирани да изгледаат као извалкани со кал за 425 долари.

На сајтот се наведува дека станува збор за средно избелени фармерки, кои се доста удобни со рамни ногавици, како што носеле американските работници во тешките услови. Секако корисниците на Твитер одма најдоа тема за разговор и бура од критики. Секако имаше и такви кои би ги купиле.