Стјепан Хаусер има нова девојка?

Стјепан Хаусер има нова девојка?

Од неодамна фановите останаа шокирани од веста дека Јелена Розга и Стјепан Хаусер ја раскинаа веридбата, а само неколку недели после тоа откриено е дека пејачката е во врска со помлад фудбалер.

А како пренесуваат медиумите, се чини дека и Стјепан нашол нова љубов.

Тој моментално престојува во Америка каде се зближил со пијанистката Лола Астанова со која свири и настапува. Лола е позната по својот талент, но и по нејзината убавина. Таа често позира за познати модни магазини.

Бројни фанови сметаат дека Лола и Стјепан се преубав пар, што може да се види од нивните коментари, а поединци приметија дека оваа атрактивна црнка личи на Ким Кардашијан.